Туризам

Енергетската криза ќе го погоди хотелскиот сектор

11.11.2021 16:46

Енергетската криза ќе го погоди хотелскиот сектор. Од хотелската асоцијација ХОТАМ велат итно треба да се размислува за алтернативни енергетски решенија, како сончеви колектори и фотоволтаични системи за хотлеите во Охридско- струшкиот регион.

Енергетската криза ќе биде уште еден голем удар врз хотелскиот сектор. Големите хотелски капацитети ќе бидат погодени и од најавеното поскапување на електричната енергија, но и од можните рестрикции.

Од ХОТАМ велат, мора итно да се размислува за обновливи извори на енергија, сончеви колектори, фотоволтаици и други алтернативни решенија поврзани со соларна енергија. Ова е клучно особено за охридско струшкиот регион,  каде што просечно  има околу 300 сончеви денови годишно.

„Да нвестираме во сончева енергија, фотоволтаици, панели, сончеви колектори, кои што може да задоволат едне голем процент на особено во овој дел кај нас охридко струшкиот регион да биде 40 до 50% од таа енергеја со овој тип на енергија“, вели Крсте Блажески, претседател на ХОТАМ.

Повеќето од хотелите на брегот на Охридското езеро користат електрична енергија, мал дел се затоплуваат со нафта, а уште помалку, односно само неколку хотели имаат сончеви колектори. Државата треба да ги мотивира и да ги помогне хотелските капацитети за инвестиции во користењето на сончевата енергија.

„Секако дека треба да има субвенции од државата, но тука постојат и кредити поволни кои треба да се иксористат во тој поглед затоа што тоа долгорочно тоа ќе не спасува сите нас , не само хотелите туку и граѓаните“, вели Блажески.

Современото општество ги препознава  бројните предности од користење на сончевата енергија, тоа придонесува кон  намалување на  зависноста од фосилните горива и што е најважно придонесува за подобрување на квалитетот на воздухот и намалување на штетните гасови во животната средина.

 

Соња Рилковска