Енергетска криза

Неминовно е поскапувањето на струјата

11.11.2021 16:56

Било неопходно и претходно да инвестирате во енергетскиот систем на земјава за да не се соочите со ваква енергетска криза, им порача Јанез Копач од Европската енергетска заедница на надлежните во земјава. Ние имаме кампања на штедење, му порача домаќинот од Регулаторната комисија Бислимоски...

Неминовно е поскапување на цената на струјата, но властите треба да воведат помош за посиромашните семејства, велат од Eвропската енергетска заедница по средбите со регулаторите во Скопје.

Посочија дека земјата е првата која се соочува со недостиг на енергија, но тоа ги чека и сите други од регионот оти не се вложувало во нови извори во последните 20 години.

Од Европската енергетска заедница велат дека не се реагирало на време за набавка на енергија, па сега се плаќа трипати поскапо. Се надеваат дека наредниве месеци нема многу да влечеме енергија од европската мрежа и дека треба да се штеди насекаде и да се променат навиките за трошење на струја.

Од Регулаторна велат дека не е познато за колку ќе се зголемите цената на електричната енергија, оти ќе се распишуваат тендери за набавка на енергенси за работа на најголемите производители на струја во земјата. Првиот регулатор вели дека поддржуваат кампањи за штедење на енергија.

Енерргетската криза ќе порате до април- мај идната година, велат од Евроспката енергетска заедница.

 

Ирина Гелевска