Политика

Владата останува, опозицијата бара брзи предвремени избори

12.11.2021 09:21

Седницата за доверба на Владата заврши и пред да почне, немаше кворум во Собранието. Брзи предвремени избори побара опозициската ВМРО- ДПМНЕ поради односот на силите во Собранието. Од СДСМ велат- ќе се зголемува владејачкото мнозинство...

Во Собранието синоќа пред полноќ не помина иницијативата од страна на опозицијата за гласање доверба на Владата. Седницата ја затвори претседателот на Собранието, Талат Џафери, со образложение дека поради немање кворум, не е отворен дневниот ред и не може да се отвори дебата за гласање доверба на Владата.

Поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Седницата за гласање доверба на Владата е завршена, констатира синоќа Џафери.

Според процедурите на Деловникот, Џафери појасни дека од моментот на прашањето за доверба на Владата, Собранието има право на третиот ден да дебатира за прашањето за доверба на Владата поднесена од опозиција со 61 потпис.

Имајќи во предвид дека тие немале кворум за целта за која што беше поднесено ова прашање дневниот ред не е изгласан поради тоа што не е отворен дневниот ред не може да се отвора дебата за гласање на недоверба на Владата. Констатираме дека на Владата не и изгласана недоверба и врз основа на ова Владата продолжува со полниот состав и со должностите коишто ги има. Констатирам дека предвидената материја за оваа седница е исцрпена и ја заклучувам оваа седница и констатирам дека седницата е завршена. На Владата и посакувам успех во наредните денови коишто ги има извршната власт, изјави Џафери.

На седницата синоќа беа присутни само претставниците на Владата предводена од Зоран Заев.

Претходно, пратениците од опозицијата си заминаа од Собранието, но како што изјавија не ја повлекуваат иницијативата за гласање доверба на Владата. Бараат брзи предвремени парламентарни избори за излез од политичката криза.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во име на коалицијата синоќа пред Собранието изјави дека демократијата е погазена и оти власта се обидува по секоја цена да остане на власт.