Европа ќе изолира невакцинирани, Израел на вежба за поопасна варијанта на вирусот
Австрија подготвува карантин за лица кои не примиле ниту една доза. Излезот од дома ќе им биде дозволен само доколку наведеат суштинска потреба. Причина за заострувањето на мерките е преоптовареноста на болничките оддели.

Европа воведува изолација на невакцинираните пред зимската сезона. Германија и Холандија веќе бележат рекордни бројки на заразени со Ковид-19.
Австрија подготвува карантин за лица кои не примиле ниту една доза. Излезот од дома ќе им биде дозволен само доколку наведеат суштинска потреба. Причина за заострувањето на мерките е преоптовареноста на болничките оддели.
Романија и Бугарија и натаму со најниска стапка на вакцинираност во ЕУ.
Во Израел веќе се подготвуваат за посмртоносна варијанта на вирусот. Во тек е вежба наречена „Омега“ со која се тестираат системските механизми во услови на нови карантини.
