Одбрана

Финишира процесот за целосна воена интеграција во НАТО

12.11.2021 10:03

Процесот на целосна воена интеграција почна по пристапувањето во НАТО. Работна група од експерти работеше на координирање и имплементација во седум области...

Северна Македонија го завршува процесот за целосна воена интеграција во НАТО алијансата. Процесот на целосна воена интеграција почна по пристапувањето во НАТО. Во номеври 2020 се одржа првата годишна конференција за интеграција, а во јуни годинава и втората.

Работна група од експерти работеше на координирање и имплементација во седум области: администрација, опремување и модернизација, структура на сили, едукација, обука , вежби и евалуација, логистика и медицина, интеграција на системот за воздушно набљудување со системот на НАТО и комуникациски-информациски системи и сајбер одбрана.

Како 30-та земја членка на НАТО ќе постигнеме целосна воена  интеграција со потпишување на заедничка декларација за интеграција во Алијансата наредната недела.