РУСИЈА
Путин: ЕУ да ја врати комуникацијата со Белорусија
12.11.2021 10:27
Во последниот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, Путин ја истакна важноста од што поскоро решавање на сериозната мигрантска криза.

Рускиот претседател Владимир Путин ја повика ЕУ да ја обнови комуникацијата со Белорусија за да се реши мигрантската криза на полско-белоруската граница.
Брисел го обвинува Минск за организирање мигрантски карвани на границата со Полска. Во последниот телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел, Путин ја истакна важноста од што поскоро решавање на сериозната мигрантска криза.
Европските земји досега одбиваа какви било разговори со Минск.
