Кармин за повеќе намени
Сега, до поубави црти на лицето и свеж изглед се доаѓа со црвен кармин. И познатите блогерки, го прифатиле овој тренд за убавина.

Техниките на шминкање, популарни во времето на нашите баби повторно се актуелни. Жени ширум светот, своите образи почнаа да ги бојат со кармин.
Сега, до поубави црти на лицето и свеж изглед се доаѓа со црвен кармин. И познатите блогерки, го прифатиле овој тренд за убавина.
Ги земале своите кармини и почнале да ги нанесуваат на образите, носот, челото и брадата за да постигнат румен изглед на лицето.
Дека станува збор за стара техника, која ја применувале нашите баби, потврдуваат и професионалните шминкери.
Сепак, нивните мислења се пделени и некои ги преферираат класичните руменила за образи.
Сепак, техниката на нанесување кармин, како замена за други козметички препарати, е наменета за оние кои се вешти во шмимнкањето, инаку може да се постигне спротивен ефект од посакуваниот.
Аида Николовска
