Климатскиот самит може да биде продолжен
Учесниците од речиси 200 земји се обидуваат да постигнат низа договори за цели поврзани со глобалното затоплување кои датираат од Париската спогодба од 2015 година. Меѓу клучните задачи е ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени целзиусови.

Австриската министерка за животна средина Лионоре Гевеслер изјави дека сложените преговори на Климатската конференција во Глазгов можат да бидат продолжени.
Учесниците од речиси 200 земји се обидуваат да постигнат низа договори за цели поврзани со глобалното затоплување кои датираат од Париската спогодба од 2015 година. Меѓу клучните задачи е ограничувањето на глобалното затоплување на 1,5 степени целзиусови.
„И покрај најавата за нови обврски на почетокот на конференцијата КОП26 во Глазгов, светот сѐ уште се движи кон „катастрофално“ затоплување од 2,7 степени во однос на прединдустриската ера“, оценија Обединетите нации.
