Ананд е предизвикувачот на Карлсен
Вишванатан Ананд во голем стил се избори за правото да го предизвика светскиот шаховски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен.Ананд со 8.5 поени победнички го заврши турнирот на кандидатите во рускиот град Ханти Мансијск.За многумина од шаховските експерти резултатот е „мало изненадување“ со оглед на 44-годишна возраст на Ананд. Дека не е „престар“ и дека е и натаму со големи амбиции Индиецот потврди со своите игри во Ханти Мансијск. Резултатски уверливо ги надмина помладите од себе, светските величини Русите Крамник и Карјакин, Бугаринот Топалов.

Вишванатан Ананд во голем стил се избори за правото да го предизвика светскиот шаховски првак, Норвежанецот Магнус Карлсен.Ананд со 8.5 поени победнички го заврши турнирот на кандидатите во рускиот град Ханти Мансијск.За многумина од шаховските експерти резултатот е „мало изненадување“ со оглед на 44-годишна возраст на Ананд. Дека не е „престар“ и дека е и натаму со големи амбиции Индиецот потврди со своите игри во Ханти Мансијск. Резултатски уверливо ги надмина помладите од себе, светските величини Русите Крамник и Карјакин, Бугаринот Топалов. Ананд шест години беше сопственик на светската шаховска круна од 2007 до 2013 година. Титулата ја загуби во мечот со Магнус Карлсен. Шаховскиот свет ќе се соочи со нова нивна пресметка.
Турнир на кандидати Ханти Мансијск-14 одиграни кола
1.Вишванатан Ананд(Инд) 8.5 поени
2.Сергеј Карјакин (Рус) 7.5 поени
3-5. Владимир Крамник (Рус) 7 поени
Дмитри Андрејкин (Рус) 7 поени
Шахмијар Мамеџаров (Азер) 7 поени
6-7. Петер Свидлер (Рус) 6.5 поени
Левон Ароњан (Ерм) 6.5 поени
8. Веселин Топалов (Буг) 6
