Економија

Продолжува растот на е-трговијата во земјава

12.11.2021 13:19

Домашните електронски трговци за половина година инкасирале 195 милиони евра, а биле отворени и 200 нови е-продавници. Странските експерти препорачуваат поинтензивна дигиталзиација во сите области.

За над 70 проценти се зголемила е-трговијата споредено со периодот од пред пандемијата. Забрзаниот раст позитивно се одразил на конкурентноста на компаниите кои во услови на криза. Според податоците на Народната банка во првите шест месеци од годинава 195 милиони евра се слеале кон домашните е-трговци.

Европските експерти децидни дека луѓето треба да продолжат да ги користат електронските алатки. Посочуваат дека паралелно воведувањето на дигитализацијата е клучна за развој на онлајн трансакциите.

„Луѓето треба да продолжат со онлајн трансакциите. Не само за шопинг, туку треба да ги користат банкарските картички,и сите други кои овозможуваат на брз и лесен начин по електронски пат да го добијат производот или услугата“, вели Отт Велсберг, офицер за податоци во Владата на Естонија.

Во првите шест месеци од 2021 биле отворени над 200 нови е-продавници. Се купувало најмногу облека, а најмалку мебел,апарати за бела техника и храна.

Дијана Ценевска