Јуниорски евросонг

Ексклузивна премиера на песната „Green Forces“

12.11.2021 13:51

Оваа година 19-тото издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, Париз...

Песната „Green Forces“ со која децата од „Дајте музика“- Кики, Анастасија, Филип и Мика ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Париз ќе биде промовирана вечерва, во 20:15 часот во емисијата „Плеј Топ 10“ на МРТ1. Песната има универзална порака за планетата земја.

Оваа година 19-тото издание на Јуниорскиот Избор за Песна на Евровизија ќе се одржи на 19-ти декември во спектакуларната концертна сала „La Seine Musicale“, во градот на светлината, по победата која Валентина ѝ ја донесе на Франција.

Францускиот Национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма, која секако, ќе може да ја следите преку директен пренос на програмите на Македонската радио- телевизија.