Македонија

Општина Струмица ќе обезбеди ортопедски помагала за дијабетичарите

12.11.2021 14:13

Општина Струмица ќе обезбеди ортопедски помагала за дијабетичарите со дијабетско стапало. Заложбите се и да се направи дата база на податоци заедно со здружението „Гликоза“ која ќе даде јасни податоци за бројот и типологијата на пациентите...

Околу 6.000 лица се регистрирани во Струмица со дијабет, од кои 100  се деца. Општината се заложи дека ќе обезбеди ортопедски помагала кои се неопходни за спречување на дополнителни компликации кои ги носи болеста , особено кај помладата популација.

Од здружението на дијабетичари „Гликоза“ од Струмица, велат дека со општината било договорено за заедничка соработка во делот на крирање дата база на податоци која ќе даде јасна слика колкав е бројот на различните типологии на болеста, како и возраста на пациентите.

Синоќа во Струмица се одржа предавање на тема дијабетско стапало во пресрет на Светскиот ден на дијабетисот и 100 годни од пронаоѓањето на инсулинот.

 

Стојне Митева