Ковид-19

Ревакцинирани 46% од полнолетните граѓани во државата

12.11.2021 14:19

Заклучно со 11-ти ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Во изминатите два дена аплицирани се вкупно 7.169 дози вакцини, од кои 1.389 се аплицирани како прва доза, 1.364 се ревакцинирани, а 3.433 граѓани примиле трета доза вакцина, информираат од Министерството за здравство.

Заклучно со 11-ти ноември вкупно се вакцинирани 812.631 граѓани, ревакцинирани се 783.880, а трета доза примиле 51.531 граѓани. 54% од граѓаните над 40 годишна возраст се ревакцинирани, а 33% од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 57%, а со две дози опфатени се 46% од граѓаните над 18 години.

Според бројот на аплицирани вакцини, 39% од целата популација во нашата земја е вакцинирана, а 37% од популацијата во државата примила две дози вакцина.