МВР
Реџепи своеволно дошол во полициска станица и дал изјава дека никогаш не бил исчезнат
12.11.2021 14:37
Од Министерството за внатрешни работи предмаку информираа дека пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи своеволно пристигнал во полициска станица и дал изјава дека никогаш не бил исчезнат.

Од Министерството за внатрешни работи предмаку информираа дека пратеникот на Беса, Кастриот Реџепи своеволно пристигнал во полициска станица и дал изјава дека никогаш не бил исчезнат.
„Во врска со вчера добиената пријава во ПС Бит Пазар за К.Р., МВР ве известува дека пред малку К.Р. своеволно дојде во полициска станица и даде изјава дека пријавата е невистинита, односно никогаш не бил исчезнат туку самоволно, без никаков притисок, со своето семејство заминал кај пријател за да се заштити од публицитет поврзан со собраниската седница“, соопштуваат од МВР.
