Аријанит Хоџа поднесе оставка од функцијата
Опозицијата синоќа не успеа во Собранието да биде изгласана недоверба на Владата на премиерот Заев, а денеска министерот за земјоделство и генерален секретар на Беса, Аријанит Хоџа поднесе оставка на функцијата министер од морални причини, а оставки на функциите поднеле и двајцата земеници министри. Според него, ДУИ се обидела да го загрози правото на глас на изборите во општина Желино...

Аријанит Хоџа од Беса поднесе оставка од функцијата министер за земјоделство во Владата. Вели дека тоа го прави од морални причини. Оставки поднеле и двајцата заменици- министри од партијата на Биљал Касами. Според Хоџа, една владејачка партија, на чело со вицепремиерот од нејзините редови, го загрозиле демократското право на глас на неодамнешните локални избори.
За идното функционирање на Беса, генералниот секретар Хоџа рече дека одлука ќе носат партиските органи. Во врска со можноста за влегување на Алтернатива во Владата, одговори: „Секој влез во ваква Влада, во која е и ДУИ, е самоубиство за која било партија. Ние сме подготвени да се споиме и со Алијанса и со Алтернатива во еден блок и заедно да излеземе на избори.“
Својата оставка Хоџа ја најави откако Државната изборна комисија ја прифати жалбата на ДУИ за гласањето во Желино кадешто се судрија кандидатите за градоначалници на двете партии.
Реализацијата следува по неуспешниот обид за гласање на доверба на Владата на чија иницијатива се потпишаа пратениците на Беса, но во последен момент се премисли еден од нив - Кастриот Реџепи.
Од Беса оставаат Реџепи сам да го образложи потегот, но рече дека тој чекор не е во согласност со политиките на партијата.
Марина Стојанова- Тонева
