Ковид-19

Нема нови мерки, да се почитуваат постоечките- препорача Комисијата за заразни болести

12.11.2021 15:23

Нема нови рестрикции туку почитување на постоечките мерки, носење маска, дистанца и зголемување на вакциналниот опфат, препорача Комисијата за заразни болести. Епидемиолошката состојба е оценета како стабилна, а министерот за здравство Филипче апелира, граѓаните да ги прескокнат семејните слави, а мерките да се почитуваат и во угостителските објекти...

Комисијата за заразни болети одлучи да нема нови рестриктивни мерки. Препорача почитување на постоечките, носење маска, дистанца и зголемување на вакциналниот опфат. Министерот Филипче најави дека се можни дополнителни мерки за невакцинираните. За тоа ќе дискутирале наредната недела, откако ќе ги разгледуваат рестрикциите за невакцинираните кои здравствените власти ги носат во земјите од регионот. Филипче вели – свеста и совета на граѓаните е многу важна, не може да се контролираат семејните прослави. Апелира на воздржаност.

Според Филипче излезот од кризата е во масовната имунизација. Предупреди дека наредните месеци носат голем ризик, зашто главно луѓето ќе бидат во затворени простории.

Здравствените власти посочуваат - најголем притисок за хоспитализации има во Скопје и тоа од невакцинирани, какви што се 60-тина проценти од македонските граѓани.

 

Наташа Гркова- Петрушевска