Сензори за безболно мерење гликемија ќе добијат лицата со дијабетес
Влегуваме во земји со висока стапка на дијабетес, очекуваме терапија и системите на континуирано следење на гликемијата да бидат достапни за што поголем број пациенти, бараат од Сојузот на дијабетичари. По повод Светскиот ден на дијабетес побараа подобра едукација за болеста и да се набават глукомери, не само за деца туку и за возрасните...

Луѓето со дијабетес наскоро ќе добијат сензори за безболно мерење гликемија. Постапката за нивна набавка е во тек, велат надлежните. На овој начин значително ќе им се помогне посебно на децата, кои годишно се боцкаат околу 3500 пати за да го проверат нивото на шеќер во крвта. Станува збор за апарати кои во земјава не може да се купат, а на странските пазари најевтините чинат околу 160 евра.
Од Сојузот на дијабетичари велат - дефицит на инсулин нема во државата и пациентите ја добиваат најсовремената терапија.
Доктор Мишевска од Клиниката за дијабетес оценува дека лековите што се препишуваат го штитат и срцето.
Во пресрет на светскиот ден на дијабетесот Сојузот на дијабетичари потпиша меморандум за соработка со Министерството за здравство.
Во земјава има 220 илјади лица со дијабетес. Од нив 5.000 се носители на тип 1, комплетно инсулински зависни. Во бројката влегуваат и 500 деца и адолесценти до 18 годишна возраст.
Анита Димитријевска Велковска
