Ракомет

Можни противници

31.03.2014 12:05

Големата европска ракометна шампионска 8-ка ќе си се распредели утре преку жреб, кој против кого.

Она што се знае е дека , Вардар, Барселона, Кил и Веспрем ќе ја имаат условно поповолната ситуација во она што значи реванш решавачки домашен терен. Во подредена ако веќе може да се каже ситуација (Вардар го покажа спротивното) ќе бидат: Металург, ПСЖ, Флензбург и еден од денешниот возвратен натпревар од дуелот Раин Некар Ловен-Киелце, во кој со 4 плус влегуваат пољаците.

Првите пресметки се играат во период од 16-ти до 20 април, одлучувачките 60 минути во интервал по 7 дена, или 23 до 27. Извлекувањето ќе се случи утре во Виена 15 минути по 12 часот на пладне.

Она што е како куриозитет, е дека силината на групната фаза на нашата група ја потврдува и 4-ката која е половината од 8-ката, Вардар, Металург, Барселона и ПСЖ.