Амбасадорите од Франција и Германија со порака да не се повторат страдањата од војните
На 103- годишнината од примирјето помеѓу Франција и Германија во војните од Првата светска војна, амбасадорите на двете земји со пораки да не се повторат страдањата од војните. Велат, ЕУ продолжува со своето обединување, а ние сме тука и со желба да ви помогнеме и вашата земја што поскоро да биде дел од ова семејство...

Војната и диктатурата да не ни се повторат. Мораме со сета сила внатрешно да се ангажираме за што повисок степен на демократија и толеранција, а на надворешен план за разбирање и помирување. Го одбележуваме примирјето склучено на денешен ден пред 103 години за да се потсетиме на нашите грешки за да не ги повториме страдањата од минатото. Денес одаваме почит на сите загините како помирени европски народи во помирена ЕУ која продолжува со своето обединување порачаа од Битола францускиот и од Прилеп германскиот амбасадор.
Битола беше на линијата на фронтот. Подложени на сејкојдневни бомбардирања град кој важи за најбомбадираниот по Вердер во Првата светска војна.
Освен со полагања на венци и букети цвеќиња на француските и германските гробишта, годишнината од помирувањето беше одбележана и со еднодневната стручна конференција „Историја, уметност, колективна меморија и помирување“ и документатен филм од Роберт Јанкуловски.
Стевче Митревски
