Здравство

469 нови случаи со Ковид-19, починати 13 лица

12.11.2021 17:11

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.

Во последните 24 часа направени се 3.296 тестирања, а регистрирани се 469 новислучаи на Ковид-19 во Скопје – 205, Битола – 50, Кавадарци – 35, Прилеп – 23, Куманово и Штип – по 20, Тетово – 13, Велес и Охрид – по 11, Крива Паланка и Делчево – по 9, Кочани – 7, Гевгелија – 6, Струмица, Неготино, Ресен и Кратово – по 5, Пехчево – 4, Гостивар, Кичево, Свети Николе, Радовиш и Демир Хисар – по 3, Виница и Македонска Каменица – по 2, Струга, Берово, Богданци, Крушево, Макдеонски Брод, Демир Капија и Дојран – по 1.

Регистрирани сe 375 оздравени пациенти, а во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 13 починати лица: 3 починати лица од Скопје (44г, 60г и 77г), по 2 починати лица од Велес (73г и 80г) и Струмица (57г и 77г) и по едно починато лице од Прилеп (73г), Битола(73г), Кавадарци (75г), Кичево (77г), Неготино (33г) и Крива Паланка (82г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 208.467,бројот на оздравени пациенти е 192.745, на починати е 7.307, а бројот на активни случаи изнесува 8.415.

Досега во земјата се направени вкупно 1.421.951 тестирањана Ковид-19.