Од утре влез во објекти само со сертификат за целосна вакцинација
14.11.2021 12:54
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни.

Министерството за здравство информира дека почнувајќи од утре, 15-ти ноември за влез во објекти, е потребно: -сертификат/потврда за извршена имунизација (вакцинација) од вирусот SARS-CoV-2, односно примени две дози на вакцина против заразната болест КОВИД-19 или сертификат/потврда за прележан КОВИД-19 во последните 45 дена, сметајќи од денот на оздравувањето.
Министерството за здравство апелира граѓаните да ги почитуваат мерките и да бидат одговорни. Ги повикуваме граѓаните кои сѐ уште не се вакцинирани, што побрзо да го направат тоа. Само со колективен имунитет може да го победиме вирусот.
