Тетово

Во време на пандемија социјализацијата и спортот важни за лицата со посебни потреби

14.11.2021 14:11

Присутноста во општеството, друштвените и спортските игри клучна алка во социјализацијата на лицата со посебни потреби. Но, пандемијата оваа категорија граѓани уште повеќе ги затвори во своите домови. Сепак има и доста кои не се откажуваат и предаваат пред предизвиците. Борбени, видливи и со спортски дух, се натпреваруваат и пливаат во исти патеки и води со останатите…

Речиси секој ден Зоран Јовановски поминува десетици километри со својата инвалидска количка. Последниве неколку години започнал да се натпревари на маратони, вози и по 42 километри. Тренинзите вели не се напорни, но проблеми има со препреките, на кои наидува на сообраќајниците.

На зима е на скијачките центри со специјални сет скии. Видливоста на лицата со посебни потреби е значајна, вели Јовановски. Кај луѓето се уште постои резерва, дека ние не можеме да бидеме дел од натпреварите и игрите.

Во време на пандемија спортот е најдобар начин да не се затвориме, вели параолимпиецот Ванчо Каранфилов.

Од Здруженито Мобилност, велат дека во рамки на нивните можности и во време на пандемија организираат средби, натпревари и игри, се со цел, лицата со посебни да бидат видливи, во повеќе свери од општественото живеење.

Како проблем Јакимовски го посочи неспроведувањето во праска на Конвенцијата за правата на инвалидизираните лица, која Собранието ја ратификува, но досега голем дел од точките се само на парче хартија.

 

Зоран Димовски