Македонија

Доброволци и донации ја зазеленуваат околината на Прилеп

14.11.2021 14:15

Прилепчани во голема акција на пошумување. Со 5.000 садници багрем се зазеленува околу манастирот „Свети Димитрија“, место познато за прошетки и посети. Ова е втора акција по засадувањето на 500 садници пред две недели. Донација е на прилепчанец од Скопје. Најавени се донации и од странство...

Се засадуваат 5.000 багремови дрвца околу манастирот „Свети Димитрија“ кај Прилеп. Мали и големи, прилепчани без двоумење дојдоа да ја зазеленат околината, да и ја вратат душата на природата, кислородот за граѓаните. Пред две недели се засадија 500, а денеска со нова донација дури 5.000 садници. Ќе има и од странство, се интересираат и институции.

Се донира и се порачува- дрвократството да стане тешко казниво дело, несовесните за потпалување строго да се казнуваат.

Елизабета Митреска