Халотерапија
Солената соба е имитација на природна солена пештера, чија микроклима е лековита. Оваа просторија од сите страни е обложена со сол, а за нејзино обложување се троши околу 2,5 тони камена сол. Со дополнително дозирано емитување на најфините честички од камена сол можат да се зголемат тераписките ефекти за одредени болести. Воздухот во солената соба е богат со негативни јони, што обезбедува релаксација и намалување на стресот. Присуството на микрочестичките на солта во воздухот спречува развој на бактерии, вируси и габи.

Солената соба е имитација на природна солена пештера, чија микроклима е лековита. Оваа просторија од сите страни е обложена со сол, а за нејзино обложување се троши околу 2,5 тони камена сол. Со дополнително дозирано емитување на најфините честички од камена сол можат да се зголемат тераписките ефекти за одредени болести. Воздухот во солената соба е богат со негативни јони, што обезбедува релаксација и намалување на стресот. Присуството на микрочестичките на солта во воздухот спречува развој на бактерии, вируси и габи. Покрај тоа, во камената сол се наоѓаат олигоелементи – железо, калциум, магнезиум, бакар, цинк, селен и литиум – кои го манифестираат своето лековито дејство, продирајќи длабоко во бронхиите и во алвеолите.Овој вид терапија е безбеден, неинвазивен и пријатен за сите возрасти. Времето на закрепнување кај хроничните болести се скратува со мобилизирање на имунолошките сили на организмот, а кај алергиските промени се скратува зачестеноста и интензитетот на промените.Халотерапија на болните им се препорачува како терапија, а на здравите како моќен превентивен третман кој го засилува имунитетот. На спортистите им се препорачува за зголемување на физичките способности, но по тренинг, за побрзо и полесно опуштање на мускулите. Ефикасноста на терапијата со сол е потврдена кај лица што страдаат од болести на горните и на долните дишни патишта, кожни проблеми, алергии и од заболувања на коскено-зглобниот сиНесаканите дејства се ретки и мали, како, на пример, печење на очите. Терапијата не им се препорачува на пациенти на дијализа, со бубрежна инсуфициенција, со активна туберкулоза, малигни заболувања, активно крвавење и со висока температура. Мерки на претпазливост се преземаат и кај трудниците. Терапијата можат да ја применуваат сите возрасти – од бебиња до стари лица. Халотерапијата се користи и во козметологијата за детоксикација на организмот.Терапијата не го нарушува нормалниот ритам на животот. Пациентите доаѓаат вообичаено облечени, по можност во облека од природни материјали, а пред да влезат во солената соба добиваат хируршки мантил, капа и влечки. Пожелно е пред третманот да се напијат вода.Во солената соба, покрај халотерапија, може да се практикува и терапија со бои. Човекот преку осетот за вид ги прима оние бранови должини што се неопходни да се воспостави рамнотежа во организмот. Пред терапијата, врз база на анамнеза и разговор со пациентот, се утврдува која боја треба да се употреби. На пример, кај болести на респираторните органи и на кожата се користат сината и зелената светлина. Од друга страна, за варење на храната потребна е портокалова светлина.
