Почна откупот на тутунот, квалитетот е подобар од лани
Почна откупот на тутунот. Вратите за новата реколта треба да ги отворат сите девет монополи кои навреме ги добија мострите по кои ќе се цени годинешниов род. Квалитетот е подобар од лани, но се проценува дека оваа година количествата кои ќе се предадат ќе бидат помали.

Од денеска сите девет откупни претпријатија се очекува да ги отворат вратите за тутунарите. Мострите ги добија навреме, а се обезбедени и финансиски средства за исплата на откупеното.
Родот е многу поквалитетна од лани, велат тутунарите, но е помал од предходната реколта. Се очекува род од 18.000 до 20.000 тони, а просечната цена да не биде под 220 денари за килограм.
За разлика од лани, Според Сојузот на земјоделските здруженија, состојбите се поволни за тутунарите, а е донесен и нов правилник за откуп според кој тутунот, главно, ќе се откупува во три класи.
Во првата класа е зголемена и должината на тутунскиот лист, која ќе изнесува наместо до 12, до 14, а во втората класа до 18 сантиметри. Дел од земјоделците сепак се сомневаат и сметаат дека правилникот суштински нема да ги промени состојбите во однос на реалната цена која останува непроменета за класите, а повисока може да биде единствено со подобриот квалитет на тутунот.
Сепак, сите се сложуваат дека поверениците на вагите кои се лиценцирани тутунопроизводители и Земјоделскиот инспекторат треба постојано да ги контролираат состојбите на теренот и објективно да се проценува родот кој се предава на откупните пунктови.
Методија Трајков
