Министрите за надворешни работи ќе разгледуваат предлози за дополнително вклучување на ЕУ во Западен Балкан
Документот подготвен од претставници на европската служба за надворешни работи предупредува дека политичката ситуација во Западен Балкан е „полна со растечки предизвици“.

Министрите за надворешни работи на ЕУ во Брисел ќе ги разгледаат анализите и „некои предлози за тоа како дополнително да се вклучи Унијата во Западен Балкан“.
Документот подготвен од претставници на европската служба за надворешни работи предупредува дека политичката ситуација во Западен Балкан е „полна со растечки предизвици“.
Процесот не е експлицитно на дневен ред, но дебата сепак не се исклучува бидејќи неодамнешната посета на холандскиот премиер Руте на Скопје и Тирана покажа дека Холандија веќе не се противи на отворањето на преговорите со Скопје и Тирана.
И Франција која од јануари ќе претседава со Европската унија е на иста линија.
