Дипломатија
Османи во дводневна работна посета на Брисел
15.11.2021 08:51
Ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни на земјите-членки на Парламентарното собрание на Југоисточна Европа.

Во дводневна работна посета на Брисел е шефот на македонската дипломатија Бујар Османи. Ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни на земјите-членки на Парламентарното собрание на Југоисточна Европа.
Претпладнево шефот на дипломатијата има билатерална средба со бугарскиот министер за надворешни работи, Светлан Стоев. Османи ќе се сретне и со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеи.
