Вториот блок на РЕК Битола работи со полн капацитет
Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава, продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена.

Вториот блок на РЕК Битола од ноќеска работи со полн капацитет. На депонијата има доволно јаглен за континуирано производство на електрична енергија за потребите на домаќинствата, а количините се надополнуваат и се зголемуваат во континуитет, информираат од комбинатот.
Стручниот тим составен од вработени во РЕК Битола и во енергетските компании во земјава, продолжува со напорите за оспособување на трансформаторот на Блок 3, кој беше оштетен во пожарот од пред десет дена.
ЕСМ за дополнителни количини јаглен доби 65 милиони евра од државниот буџет, со кои дел ќе се платат и сметките за струја на Европската енергетска мрежа. Од Владата уверуваат дека струјата нема да поскапи до Нова година, но поради енергетската состојба, од идната година се очекува сметките на граѓаните да бидат повисоки за најмалку 20 проценти.
