Финалната конференција на групата за воена интеграција на Македонија во НАТО
Се заокружува процесот на воено интегрирање на државава во командните структури како и структурата на силите на НАТО, кое и формално ќе се означи утре, во Вила Водно...

Во Клубот на пратеници се одржува финалната конференција на групата за воена интеграција на Македонија во НАТО. Се заокружува процесот на воено интегрирање на државава во командните структури како и структурата на силите на НАТО, кое и формално ќе се означи утре, во Вила Водно, со потпишување на заедничката декларација од началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на Врховната сојузничка командата на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ.
Завршувањето на процесот на воена интеграција во НАТО е доказ за посветеноста во исполнување на дадените цели, кои се одвиваат преку трансформациските процеси во Министерството за одбрана и во Армијата.
