Економија

Комисиска расправа за предлог- буџетот за 2022-ра година

15.11.2021 10:17

Според најавите, ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира донесувањето на буџетот, бидејќи како што велат, тој е важен документ за граѓаните. Сепак со речиси 200-те амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари.

Во Собранието почнува комисиската расправа за предлог- буџетот за 2022-ра година. Откако Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ стана градоначалник, спикерот Џафери ја назначи заменичката Марија Петрушевска, да ја води комисијата.

Според најавите, ВМРО-ДПМНЕ нема да го блокира донесувањето на буџетот, бидејќи како што велат, тој е важен документ за граѓаните. Сепак со речиси 200-те амандмани ќе бара корекции во трошењето на народните пари.

Во буџетот е планирано да се соберат 3,88 милијарди евра, а да се потрошат 4,43 милијарди. Буџетскиот дефицит е проектиран на 4,3 насто, а растот на економијата на 4,6. За капитални проекти се издвоени 615 милиони евра. Се предвидува инфлација од 2,4 проценти.