Се полнат возачките книшки
Новото правило, за прекршоци на возачите во формула 1 да им се запишуваат казнени поени во суперлиценците почна да функционира.
По два казнени поена добија Жил Бјанки по сударот со Малдонадо и Кевин Магнусен кој заврши во задниот дел на болидот на Раиконен. Магнусен првично беше казнет и за време на трката со 5 секунди „стоп енд го“, а дополнително и со 2-та казнени поена во суперлиценцата.

Возачката книшка на Даниел Рикардо остана празна, но следната трка за големата награда на Бахреин идниот викенд ќе ја почне 10 места поназад од оствареното на квалификациите поради казната за небезбедно напуштање на боксот.
Да потсетиме, според новите правила за тековната сезона, ако еден возач собере 12 казнени поени автоматски заработува суспензија за следната трка.