Македонската фудбалска репрезентација ќе игра во баражот за СП 2022
По триумфот од 3 спрема 1 во дуелот против Исланд, нашата селекција го освои второто место и го забележа најдобриот резултат во еден квалификациски циклус.

Фудбалската репрезентација на Македонија за прв пат во историјата ќе биде дел од бараж-дуелите за пласман на Светското првенство во Катар, идната година.
По триумфот од 3 спрема 1 во дуелот против Исланд, нашата селекција го освои второто место и го забележа најдобриот резултат во еден квалификациски циклус.
Алиоски беше еден од најдобрите поединци на дуелот со Исланд. Тој рано, уште во 7-мата минута го отвори резултатот. Гостите израмнија, но на сцена стапи Елмаз, кој со двата гола ѝ донесе радост на нацијата.
Го очекував ова, изјави по средбата селекторот Милевски, додавајќи дека овие момци имаат потенцијал да достигнат уште многу.
