ЕУ ќе ги прошири санкциите врз Белорусија
Забрана за патување и замрзнување на имотот во блокот ќе добијат директори на авиокомпании и туристички агенции кои учествуваат во носењето мигранти до границата на Унијата. Казнети ќе бидат и 30 белоруски владини претставници за кои се смета дека се вклучени во кризата.

ЕУ ги проширува санкциите за Белорусија. Забрана за патување и замрзнување на имотот во блокот ќе добијат директори на авиокомпании и туристички агенции кои учествуваат во носењето мигранти до границата на Унијата. Казнети ќе бидат и 30 белоруски владини претставници за кои се смета дека се вклучени во кризата.
Според Брисел, Минск ги организира карваните за да се одмазди за воведените санкции. Белорускиот претседател Александар Лукашенко тврди дека властите се обидуваат да ги убедат мигрантите да се вратат во татковината, но без успех. Претходно се закани дека ќе го затвори и транзитот на природен гас доколку ЕУ воведе санкции.
