КОВИД-19

Австрија воведува забрана за движење за невакцинирани против Ковид-19

15.11.2021 11:46

На сите невакцинирани граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во следните 10 дена, освен за основни активности, одење на работа, во продавница, на прошетка, или на вакцинирање.

Европа е повторно епицентар на пандемијата со Ковид-19. Австрија со ново затворање на невакцинираните поради рекордните бројки на заразени и притисокот врз болниците. Стапката на имунизација од 65% е една од најниските во западниот дел на стариот континент.

На сите невакцинирани граѓани постари од 12 години им се забранува да ги напуштаат домовите во следните 10 дена, освен за основни активности, одење на работа, во продавница, на прошетка, или на вакцинирање.

Според австриската Влада мерката е донесена со цел да се намали бројот на смртни случаи и да се спречи преоптоварување на болниците.

Слично и во Германија. Бундесверот се подготвува за вонредна ситуација. За поддршка на клиниките и здравствените власти ќе се мобилизираат 12.000 војници.

Месецов бројот на нови случаи достигна највисоко ниво од почетокот на пандемијата.