Жена со марама за прв пат градоначалник во Турција
31.03.2014 12:21
Фатма Тору од Коња, била избрана за градоначалник во централна Турција...

Во Турција по првпат жена со шамија стана градоначалник. Фатма Тору од Коња, била избрана за градоначалник во централна Турција.
Таа беше кандидат на владејачката „Партија на правдата и развојот“ јави Си-Ен-Ен Турк.
Четириесет и двегодишната Тору вели дека изборните резултати отвораат пат за поголема политичка активност на жените во Турција.
Тору завршила Архитектонски факултет и е мајка на две деца.
