Бензините поевтинуваат, дизелот поскапува
Од полноќ, литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 75 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, новата цена на дизелот е 68 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 67 денари. Поскапува и мазутот за 0,407 денари за килограм.

Бензините поевтинуваат за денар и половина, дизелот и екстра лесното поскапуваат за половина денар. Регулаторната комисија за енергетика ја направи пресметката за неделава.
Од полноќ, литар Еуросупер БС-95 ќе се точи за 75 денари, два денари поскап е бензинот од 98 октани, новата цена на дизелот е 68 денари, а на екстра лесното масло за домаќинство 67 денари. Поскапува и мазутот за 0,407 денари за килограм.
Во просек, малопродажните цени на нафтените деривати се намалуваат за 0,28%, како резултат на движењето на цените на светските берзи и на движењето на курсот на денарот во однос на доларот.
