Одбрана

Се заокружува процесот на военото интегрирање во НАТО

15.11.2021 12:17

Македонија го заокружува процесот на воено интегрирање во НАТО. Формално ќе се означи утре, во Вила Водно, со потпишување на заедничката декларација од началникот на Генералштабот на армијата, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и командантот на Врховната сојузничка команда на НАТО за трансформација, генерал Филип Лавињ...

Одржана финалната конференција на групата за воена интеграција на Mакедонија во НАТО. Со ова се заокружува процесот на воено интегрирање во командните структури и структурите на силите на НАТО. Покажавме дека членството во НАТО не го сметавме како завршен чекор, туку работевме за да станеме еднакви со сите, истакна министерката за одбрана Радмила Шекеринска. За околу еден месец, првите шест штабни офицери ќе ги заземат своите позиции во командите на Алијансата.

Го прославуваме комплетирањето на овој двогодишниот процес, порача претседавачот на работната група за воена интеграција, Франческо Пачиљо. Признание дека Македонија е кредибилен партнер и сојузник.

Од Министерството за одбрана најавуваат зголемување на буџетот од 0,2 процентни поени секоја година, со цел до 2024 да достигне 2 насто од БДП, но и модернизација и опремување на армиските единици.

 

Марија Котовска