Политика

Реџепи: Самоволно се засолнив на денот на гласање доверба на владата

15.11.2021 12:43

Наместо во четвртокот, Кастриот Реџепи дојде во Собранието денеска. Одлуката да не ја поддржи иницијативата на опозицискиот блок за гласање доверба на владата ја донел самоиницијативно, во интерес на државата и на евроинтеграциите. Реџепи не е за брзи предвремени избори, но сака реконструкција на Владата...

Кастриот Реџепи денеска во Собранието соопшти дека не гласал за недоверба на Владата поради било каков личен интерес, туку поради интересот на народот и земјата. Тој потенцира дека дента на гласањето, имајќи ги предвид примените закани по својот живот и случувањата од 27-ми април, одлучил да не се појави за да ги избегне евентуалните напади и непријатности.

„За да нема било какви сомнежи, јас Кастриот Реџепи, сојузник на своите граѓани, и на Албанците и на Македонците и на сите други кои имаат поглед напред, стратешки сојузник на САД, во интерес на мојата земја Република Северна Македонија и во интерес на сопствениот народ, самоволно и одлучно се засолнив на денот на гласањето на доверба на владата, со цел да не дозволам на бранот на резултатите од локалните избори земјата да ни отиде по правец кој е спротивен на моите идеолошки убедувања и спротивен од она што е стратешка насока, која ни ја задале граѓаните“, изјави Реџепи.

За него пресудно било да им даде шанса на процесите на евроинтеграција и да почека до 14-ти декември за почеток на преговорите.