АВГАНИСТАН
Талибанците во одмаздничка акција против Исламска држава
15.11.2021 13:08
По преземањето на власта во Авганистан, Исламска држава ги интензивираше активностите во Џалалабад, Кундуз, Кабул и Кандахар.

Талибанците во одмаздничка акција против Исламска Држава во јужен Авганистан. Операцијата почна околу полноќ и се одвива во најмалку четири области на провинцијата Кандахар.
По преземањето на власта во Авганистан, Исламска држава ги интензивираше активностите во Џалалабад, Кундуз, Кабул и Кандахар.
Минатиот месец групата ја презеде одговорноста за самоубиствениот бомбашки напад врз шиитска џамија при што загинаа 60 луѓе.
