172 нови случаи со Ковид-19, починати девет лица
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.

Во последните 24 часа направени се 1.483 тестирања, а регистрирани се 172 нови случаи на Ковид-19 во Скопје – 107, Охрид – 11, Битола – 8, Кавадарци и Штип – по 6, Велес и Струга – по 5, Струмица – 4, Свети Николе и Кратово – по 3, Прилеп, Крива Паланка, Делчево и Пробиштип – по 2, Куманово, Кочани, Неготино, Ресен, Богданци и Демир Капија – по 1.
Регистриран e 381 оздравен пациент. Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 9 починати лица: 4 починати лица од Скопје (61г, 71г, 72г и 75г) и по едно починато лице од Битола (65г), Берово (63г), Струга (85г), Струмица (65г) и Македонска Каменица (76г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 209.449, бројот на оздравени пациенти е 193.781, на починати е 7.337, а бројот на активни случаи изнесува 8.331.
Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.
