Локални избори
Дебар: Дука од ДУИ- 4.291 глас, Поцеста од АА/А – 4.153
15.11.2021 15:52
Во Дебар вчера се прегласуваше на едно избирачко место откако Управниот суд ја прифати тужбата на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива...

Хекуран Дука од ДУИ освои 4.291 глас, а Беким Поцеста од коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива 4.153 глас. Ова се резултатите од гласањето во Дебар, информира на денешната прес-конференција претседателот на Државната изборна комисија Александар Даштевски, соопштувајќи ги првичните резултати од гласањето за градоначалник на општина Дебар.
Во Дебар вчера се прегласуваше на едно избирачко место откако Управниот суд ја прифати тужбата на коалицијата Алијанса за Албанците/Алтернатива, а ДИК врз основа на тоа донесе решение за повторување на гласањето.
