ВЕЛИКА БРИТАНИЈА

Експлозијата на такси- возило пред болницата во Ливерпул е терористички акт

15.11.2021 16:10

Таксистот успеал да го заклучи осомничениот кој го внел импровизираниот експлозивен уред во возилото, а кој се активирал ненадејно.

Британската полиција ја прогласи за терористички акт, вчерашната експлозија на такси-возило пред болницата во Ливерпул.

Во детонацијата загина патникот, а возачот заврши со повреди.

Таксистот успеал да го заклучи осомничениот кој го внел импровизираниот експлозивен уред во возилото, а кој се активирал ненадејно.

За случајот се уапсени четворица, во тек е истрага за мотивите.