Медведев пристигна на Крим

31.03.2014 12:30

Рускиот премиер Димитри Медведев денеска пристигна на Крим. Тој на твитер напиша дека денеска во Симферопол владата ќе разговара за идниот развој на Крим.

Тоа е највисок руски државник кој престојува на Крим по руската анексија од Украина.

Анексијата на Крим не е призната од меѓународната заедница, а САД, ЕУ и Обединетите нации ја оценија за незаконска. Американскиот државен секретар Џон Кери и шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров вчера во Париз четири часови разговараа за кризата во Украина.