Здравство

Активни 8.331 ковид- случаи во земјава

16.11.2021 10:20

Од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.449 заболени, оздравени се 193.781 пациент, а починати се 7.337 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.

Последната статистика на Министерството за здравство покажува дека во земјава активни се 8.331 ковид- случаи, од кои најголем број- 3.810 се во Скопје. Според вчера објавените податоци, при направени 1.483 тестирања регистрирани се нови 172 случаи со Ковид-19, девет починати и 381 оздравен пациент.

Од почетокот на пандемијата, во земјава се дијагностицирани вкупно 209.449 заболени, оздравени се 193.781 пациент, а починати се 7.337 лица. Досега во земјата се направени вкупно 1.430.424 тестирања на Ковид-19.

Досега 38% од популацијата во државава е целосно вакцинирана, а 54.170 лица примиле трета доза вакцина против Ковид-19. Заклучно со 13-ти ноември вкупно се вакцинирани 813.782 граѓани, ревакцинирани се 784.833.

Опфатот со вакцинација со една доза вакцина на полнолетната популација е 58 отсто, а со две дози опфатени се 47 отсто од граѓаните над 18 години. Педесет и шест отсто од граѓаните над 40 – годишна возраст се ревакцинирани, а 33 отсто од популацијата од 18 до 39 години примиле барем една доза вакцина.