„За македонскиот јазик“

Зборникот на Конески преведен на унгарски

16.11.2021 10:35

Преку овој зборник унгарската публика ќе има можност да се запознае со развојот и кодификацијата на македонскиот јазик а особено важно е што тој ќе биде основа за запознавање на студентите на ЕЛТЕ со проблематиката која се однесува на нашиот јазик.

На Институтот за славистика и балтичка филологија во Будимпешта е промовирана унгарската верзија на зборникот на Блаже Конески насловен „За македонскиот јазик“. Златко Панзов - лектор по македонски јазик на Универзитетот ЕЛТЕ во Будимпешта, го направи изборот на текстовите, а на унгарски ги преведе Анамарија Цинеге- Панзова.

Научен осврт на македонскиот јазик и неговата стандардизација се тема на збирката текстови во зборникот на Конески, а во него е додадена и статијата „Неколку зборови за македонскиот литературен јазик“ од Крсте Петков Мисирков.

Преку овој зборник унгарската публика ќе има можност да се запознае со развојот и кодификацијата на македонскиот јазик а особено важно е што тој ќе биде основа за запознавање на студентите на ЕЛТЕ со проблематиката која се однесува на нашиот јазик.

Зборникот го промовираше Звонко Танески, македонист кој работи на Универзитетот „Комениус“ во Братислава.