Белорусија

Лукашенко и Меркел разговарале за мигрантската криза

16.11.2021 10:40

Ова е прв контакт меѓу белорускиот претседател и еден западен лидер откако Лукашенко ја потврди победата на претседателските избори во Белорусија во август 2020 година...

Белорускиот лидер Лукашенко и германската канцеларка Меркел телефонски разговарале за мигрантската криза на полската граница со поранешната советска држава.

Разговарале за начините за обезбедување хуманитарна помош и за мерките за спречување на ескалација на кризата.

Ова е прв контакт меѓу белорускиот претседател и еден западен лидер откако Лукашенко ја потврди победата на претседателските избори во Белорусија во август 2020 година, предизвикувајќи ги најголемите улични протести во историјата на државата.