Штрајкуваат морнарите и пристанишните работници во Грција
Бродовите во Грција денеска ќе останат во пристаништата заради 48-часовниот штрајк на морнарите и вработените во пристаништата против нацрт-закон на Владата, со кој се предвидени намалувања на работните места и намалување на правата на работниците во тој сектор.
Синдикатот бара да се повлечат уредбите од законот за туристичките бродови, бидејќи ќе се зголеми невработеноста на морнарите која веќе е над 55 отсто.
За денеска е планиран протестен митинг пред Министерството за трговска флота.