Украина

Зеленски: Секој вакциниран граѓанин ќе добие парична награда

16.11.2021 10:50

Досега се имунизирани помалку од една третина од Украинците...

Претседателот на Украина, Зеленски најави дека на секој Украинец што ќе прими две дози од вакцината против Ковид-19 ќе му биде исплатена парична награда за да ги поттикне граѓаните да се вакцинираат.

Досега се имунизирани помалку од една третина од Украинците. Вакцинираните ќе можат таа сума да ја потрошат за изнајмување сала за рекреација, посета на кино, театар или музеј или на билет за воз и авион во земјава.