МВР
Приведен скопјанец осомничен за повеќе кражби
16.11.2021 10:56
За него бил распишана потерница од Полициската станица Гази Баба, поради сомнение дека сторил неколку кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик.

Полициски службеници од Оперативен тим потраги при СВР Скопје, вчера во 17:30 часот на ул.„Иван Аговски“ во Скопје го лишиле од слобода К.Е.(37) од Скопје, соопштија од МВР.
За него бил распишана потерница од Полициската станица Гази Баба, поради сомнение дека сторил неколку кривични дела „тешка кражба“ по член 236 од Кривичниот законик. По целосно документирање и расчистување на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.
