Четврта година по ред Секретаријатот на Енергетската заедница ја прогласува РКЕ за најдобар регулатор

16.11.2021 11:42

Во годишниот извештај на Секретаријатот се наведува дека нашата Регулаторна комисија има висок професионален профил и дека продолжува со докажување на регулаторната независност.

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги соопшти дека четврта година по ред е избрана како најдобар регулатор од страна на Секретаријатот на Енергетската Заедница од Виена. Годинава македонската комисија првото место го дели со Грузија и со Црна гора со идентично освоени 80% . Последно рангирана меѓу 9-те тела е Комисијата на Босна и Херцеговина со 39% .

Во годишниот извештај на Секретаријатот се наведува дека нашата Регулаторна комисија има висок професионален профил и дека продолжува со докажување на регулаторната независност.

Од Виена забележуваат на сложените постапки за вработување што се пречка за привлекување на нови кадри. Исто така се препорачува и вклучување во регулативата на мрежните кодови, а наскоро се очекува да се постигне и усогласување со регулативите за транспарентно функционирање на пазарите, преку воведување на одредени правила за однесување на учесниците на пазарите.